Собранието ќе избира техничка влада
Собранието се очекува денеска да ја избере преодната влада во пресрет на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12-ти април, како што претходно се договорија лидерите на политичките партии...

Во Собранието се очекува да се одржи пленарна седница за избор на новата техничка влада, според Пржинскиот модел. Треба да биде констатирана оставката на премиерот Заев, кој го депонира својот потпис.
Потоа претседателот Пендаровски треба да му го довери мандатот на Оливер Спасовски, кој е предложен за технички премиер.
Власта и опозицијата ги усогласија персоналните решенија. Мила Царовска од труд и социјала седнува во вицепремиерската фотеља за економски прашања на местото на Кочо Анѓушев, кој се повлекува од политиката.
МВР ќе го води Наќе Чулев, предлог од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија го добива и ресорот труд и социјала, и уште три дополнителни заменички места во финансии, земјоделство, и информатичко општество и администрација.
