Ново рочиште за „Рекет“, ќе сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во октомври поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.
Судењето за случајот „Рекет“ продолжува со сослушување сведоци, меѓу кои и заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во октомври поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
На првото рочиште за „Рекет“, третообвинетиот Зоран Милески- Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.
За јануари во судскиот календар се закажани 11, а во февруари 20 рочишта.
