Наќе Чулев, нов предлог на ВМРО-ДПМНЕ за МВР
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнаа договор. За ресорот МВР, опозициската партија го предложи екс разузнавачот Наќе Чулев. Опозицискиот лидер Мицкоски ја обвини власта дека се плаши од професионалци, а предлогот го сменил за да не им дозволи на опонентите да избегаат од изборите. За СДСМ, предлогот е прифатлив, бидејќи Чулев не е униформирано лице и против него немало покренато обвиненија...
ВМРО-ДПМНЕ со ново име за технички министер за внатрешни работи, откако премиерот Заев одби полковникот Драган Koвачки да раководи со ресорот, со образложение дека според Уставот, со ресорот треба да раководи цивилно лице.
Иако партискиот лидер Мицкоски смета дека власта се плаши од професионалци, за како што рече, да не дозволи опонентите да избегаат од избори, партијата застана зад Наќе Чулев, дипломиран криминалист со искуство во областа на безбедносната политики и прашањата поврзани со МВР, кој долг период бил дел од Агенцијата за разузнавање, а предава и на дипломатската академија на МНР.
За СДСМ, прифатлив е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер, бидејќи тој не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми и условите да се избере преодната влада. Социјалдемократите реако дека Мицкоски немал доблест да ја признае сопствената грашка со првиот предлог и кандидатот Ковачки, со што се кршел Уставот.
Власта и опозицијата постигнаа согласност за персоналното решение за труд и социјала и за тројцата дополнителни заменици- министри во техничката влада што ќе ја предводи Оливер Спасовски.
Игор Панов
