Лимитот за плаќање во кеш се зголемува од 500 на 3.000 евра
Министерката за финансии реферираше за остварувањето на буџетот во 2019-та. Реализацијата на приходите е 97 насто или 3, 3 милијарди евра. Расходите пак, се 3,5 милијарди евра или 95,3 проценти, рече Ангеловска. Капиталните расходи се реализирани во износ од 78 насто во однос на проектираното, што споредбено со 2018-та е повеќе за 46,6 проценти. Лимитот за плаќање во кеш се зголемува од 500 на 3.000 евра...

Лимитот за плаќање во кеш се зголемува од 500 на 3.000 евра. Собранието кон крајот на годината донесе измени на Законот, кои ги поднесоа пратеници од ДУИ и од СДСМ. Претходното решение беше во сила половина година, а тогаш Министерството за финансии го правдаше потегот со борбата со сивата економија.
Креаторката на државната каса, Нина Ангеловска вели, предлогот е од пратеници, не е наш, но таа укажа дека коморите укажале дека прагот е поставен на многу ниско ниво, што наместо да помогне, може дополнително да ја разгори сивата економија.
Ангеловска реферираше за реализацијата на буџетот за 2019-та година. Приходите се на ниво од 3,3 милијарди евра, односно остварувањето е 97 проценти, за 8,2 процента повеќе во однос на претходната година. Данокот на додадена вредност е во целост реализиран. Кај расходите, потрошени 3,5 милијарди евра или реализација од 95,3 проценти. Во декември се интензивирала реализација на капиталните инвестиции, кои достигнале 290 милиони евра или 78 проценти од проекцијата.
Владата за годинава проектира економски раст од 3,8 проценти.
Марина Стојанова- Тонева
