Премиерот Заев ја достави оставката до Собранието

03.01.2020 11:08

Премиерот Зоран Заев претпладнево ја достави својата оставка до Собранието на Република Македонија...

Премиерот Зоран Заев изутрината ја потпишал оставката, по што се очекува претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде констатирана оставката.

Тој очекува целата постапка да помине без проблеми, потсетувајќи дека праксата за формирање преодна влада е воспоставена уште во 2016-та година на барање на СДСМ, кои тогаш беа опозиција.

По констатирањето на оставката, спикерот Џафери го известува претседателот на државата Пендаровски, кој треба да му даде мандат на Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски тела на СДСМ беше предлогот за технички премиер.

Спасовски потоа треба да ја предложи новата Влада, а Парламентот да ја изгласа.