СДСМ: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за МВР, Наќе Чулев, има хипотека од „Диво Насеље“

03.01.2020 11:12

Според владејачката партија, јавноста треба да знае дека Наќе Чулев беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво насеље“...

Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната влада не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице, и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите и предлогот може да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12-ти април, велат од СДСМ.

Сепак, според владејачката партија, јавноста треба да знае дека Наќе Чулев беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво насеље“.

Оваа хипотека ќе има негативни импликации во јавноста, но и кај вработените во МВР, стои во дописот.

СДСМ изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Мицкоски, и преку овој избор за негова ноиминација, се обидува да ја врати земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации, велат Социјалдемократите.