ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, никогаш повеќе
Според партијата, единствен успех на Заев во овие три години е тоа што преку своите слуги во судството успеа да си обезбеди амнестија и за барањето поткуп „евро за црквата- евро за Вице“.

Зоран Заев конечно поднесува оставка и заминува од местото кое го узурпираше без да победи на избори, од позицијата од која и нанесе огромни штети на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, единствен успех на Заев во овие три години е тоа што преку своите слуги во судството успеа да си обезбеди амнестија и за барањето поткуп „евро за црквата- евро за Вице“.
МВР го претвори во партиска испостава на СДСМ, економијата го допре дното, македонското образование беше клекнато на колена, а здравството доведено пред колапс, стои во дописот.
Доаѓа време на власт од народот и за народот, велат од опозициската партија.
