Пазар на труд

Расте побарувачката за стручен кадар

03.01.2020 12:37

Расте побарувачката кај компаниите за стручен кадар. Потребни се реформи во училиштата за создавање персонал според потребите на пазарот на трудот. Според статистиката, во првите три месеци од 2019-та, освен индустријата, со недостиг на работници се соочиле и трговијата и угостителството...

Многу дизајнери во светот се успешни. Оваа струка во претходните години замираше. Ова навидум наликува на текстилна фабрика, но тоа е просторијата за практична настава која последните две години се полни со ученици кои креираат модели. Иако се поистоветува со шиење на машина, текстилната индустрија е многу повеќе од тоа, вели директорката на средното „Кочо Рацин“.

Побарувачката кај компаниите расте. Се бараат нови ученици, додека компаниите стипендираат во нив, потврдува директорот на средното „Владо Тасевски“. Дополнува и дека искуството од стручната настава не го нуди ниту една гимназија. Иднината е осигурана- велат директорите на овие училишта.

Германска компанија ќе вложи во тренинг центар за машински возачи и железнички техничари. Идејата е во подобрувањето на перформансите за идните стручни работници или инженери.

Според статистиката во првите три месеци од 2019-та освен индустријата со недостиг на работници се соочиле и трговијата и угостителството. Европската Комисија упатува на реформи во средните стручни училишта за создавање персонал според потребите на пазарот на труд. Германија на 1-ви март се отвора за над милион средно и висококвалификувани работници.

 

Дијана Ценевска