„Рекет 2“: Поднесен Обвинителен акт против пет физички и едно правно лице

03.01.2020 12:43

Во случајот познат во јавноста како „Рекет 2“ едно лице е обвинето за измама, а три за помагање во извршувањето на кривичното дело. За измама се товари и правното лице.

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до скопскиот Кривичен суд достави обвинителен акт против пет физички и едно правно лице.

Во случајот познат во јавноста како „Рекет 2“ едно лице е обвинето за измама, а три за помагање во извршувањето на кривичното дело. За измама се товари и правното лице.

Првообвинетиот се товари и за кривично дело перење пари и други приноси. Во периодот од 8-ми јули 2017-та до 13-ти април 2018-та, првообвинетиот како претседател на обвинетата невладина организација, со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги искористил документите од правното лице и две оштетени лица- управители на друштва ги довел и одржувал во заблуда.

Лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на европски центар за возрасни лица. Оштетените му исплатиле речиси 800 илјади евра.

Второобвинетата без легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на правните лица поврзани со првообвинетиот, а третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените.

Надлежниот обвинител предлага мерката куќен притвор за второбвинетата да биде продолжена.