Продолжи судењето за „Рекет“, исказ даде Елизабета Јосифовска- заменичката на Јанева
Судењето за случајот „Рекет“ продолжи со сослушување сведоци. Исказ даде заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска. Тврдеше дека Јанева побарала, притворот да се замени со куќен. Одбраната тврди дека предметот е конструиран...
На 2-ри мај 2019-та го потпишав позитивното мислење за враќање на пасошот на Јордан Камчев, обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“, по налог на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, сведочеше поранешната специјална обвинителка Елизабета Јосифовска.
Одговорајќи на директни прашања на обвинителката Вилма Русковска, таа посочи дека документот не дошол на вообичаениот начин преку шефот на кабинетот на Јанева, туку ѝ го донесол стручен соработник, а не шефот на кабинетот, Сања Димоска. Стефановска ѝ рекла дека не е запознаена , а Димовска ѝ одговорила дека ѝ го доставиле предметот заради итност по налог на Јанева. Иако Стефанова била против, посочи дека немала избор и морала да го потпише мислењето. Како образложение за барањето за патната исправа стоело дека Камчев треба да оди во „Аџибадем“ во Турција и на некоја обука.
Во периодот кога осомничениот Орце Камчев бил во притвор, во ноември 2018-та година и кога на колегиум нејзината колешка Лиле Стефанова кажала оти ги одбива жалбите на осомничените во „Империја“ за притвор, Јанева ѝ рекла да ги преработи и да им одреди поблаги казни. Јанева побарала да запрат постапките за „Империја“ и „Поштенска банка“ со што не се согласувала Стефанова. Така по претходно позитивно мислење од Катица Јанева, Апелациониот суд Скопје одлучил да им ги ублажи мерките притвор на осомничените во „Империја“.
Во судницата таа одговораше и на директни и вкрстени прашања на одбраната. Кажа дека на барање на Јанева, Рустеми и Стефанова подоцна и рекле оти изготвиле пресметка за штетата што ја направиле со кривичните дела, но и со предлог за затворски казни за Камчев и останатите осомничени во двата предмета, онака како што побарала Јанева.
Јосифовска одговори дека било пракса да се преговара со осомничени за признание на вина, за спогодба, за соработка во истраги. Потврди дека само специјалната обвинителка Јанева можела да знае и да има информации дали против Камчев се воделе други и истраги и предистраги, во насока на тоа дека била слободна да се спогодува како со останатите осомничени и обвинети, така и со Камчев.
Јовановски ,пак, побара од судот да ги земе предвид сите околности за неговата здравствена состојба, за неговиот, како што рече, нееднаков третман што било противуставно. Посочи дека добива закани по живот и дека за тоа ги известил претставниците на меѓународната заедница.
Јанева го напушти судот без коментар. Досега освен Јордан Камчев за „Рекет“ сведочеа и неговата сопруга, Ана Камчева, бизнисмени, поранешен новинар во 1ТВ, како и куќната помошничка на првообвинетиот, Бојан Јовановски.
Фиљана Кока
