Либан: Нови протести против владата и премиерот

03.01.2020 11:30

Назначениот премиер Хасан Диаб има поддршка од Хезболах, но не и од главните групи на сунитските муслимани кои се пресудни за доделување на челната функција на владата.

Нови судири меѓу демонстрантите и војската во Либан. Бараат влада со независни функционери која нема да следи партиски наредби.

Назначениот премиер Хасан Диаб има поддршка од Хезболах, но не и од главните групи на сунитските муслимани кои се пресудни за доделување на челната функција на владата.

Владата предводена од премиерот Саад Харири се повлече на 29 октомври, две недели по почетокот на протестите.