ШПАНИЈА
Санчез доби поддршка од Каталонските сепаратисти
03.01.2020 13:34
Санчез, веројатно ќе добие доволна поддршка во Парламентот за формирање на неговата левичарска коалициска влада...

Мандатарот за состав на шпанската влада, Педро Санчез, веројатно ќе добие доволна поддршка во Парламентот за формирање на неговата левичарска коалициска влада, откако во четвртокот Каталонската републиканска левица која застапува отцепување на Каталонија од Шпанија, соопшти дека ќе ја поддржи таквата влада.
Првиот круг од гласањето за владата ќе се одржи на 5-ти јануари.
