Ратификација на протоколот за НАТО во собраниска процедура

03.01.2020 14:37

Откако ќе биде усвоен во законодавниот дом, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува...

Предлог- законот за ратификација на пристапниот протокол за НАТО е во собраниска процедура. Откако ќе биде усвоен во законодавниот дом, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува протоколот за членство во Алијансата.

Согласно договорот за одржување предвремени парламентарни избори, Собранието треба да се самораспушти на 11-ти февруари и сѐ уште е неизвесно дали до тогаш Шпанија ќе го ратификува протоколот во нејзиниот Парламент.