Традиција

Годинашниот Вевчански карневал под слоганот „Напрај се Василичар“

03.01.2020 14:48

Годинашниот Вевчански карневал ќе се одржи под слоганот „Напрај се Василичар“. Се очекуваат над илјада маски, богата програма и повеќе од 10 илјади посетители...

Вевчанци се подготвени. Го чекаат 13-ти јануари за конечниот почеток на карневалот стар милениуми. Градоначалникот Јанкоски најави над 1.000 маски и богата програма. На вевчански повика сите да станат Василичари. Апелираше учесниците како и секоја година да бидат креативни во подготовка на маските.

Лани над 10 илјади гости присуствуваа на Вевчанскиот карневал, а домаќините велат дека секоја година бројот се зголемува. За првпат, најавуваат гурманско шоу и претставување на традиционални вевчански јадења.

Вевчанци како домаќини, ветуваат многу смеа, театар и маски кои ќе го привлечат вниманието на јавноста, задржувајќи ја уникатноста и архаичноста, вели градоначалникот Јанкоски.

Сунчица Николоска