Празник

Православните христијани слават втор ден Божик

08.01.2020 09:39

Православните христијани денеска го слават втор ден Божик или Собор на Пресвета Богородица. Да ја чуваме верата за да можеме достоинствено и со радост да живееме и да напредуваме како народ- порака од Македонската православна црква- Охридска Архиепископија по повод Рождеството Христово...

Православните христијани денеска го слават втор ден Божик или Собор на Пресвета Богородица. Верниците и црквата и оддаваат слава на пресветата божја мајка, а празнувањето се нарекува нејзин собор, затоа што на тој ден се собираат сите верници за да ја прослават неа- која е Богородица.

Во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ се служи златоустова литургија, со која чиноначалствува архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан.

Да ја чуваме верата за да можеме достоинствено и со радост да живееме и да напредуваме како народ- порака од црквата за Божик, оти само во слога и единство може да се брани и одбрани своето- достоинствено и со подигната глава.