Политичарите со пораки за среќа и разбирање
Во духот на празникот, политичарите ги изоставија меѓусебните обвинувања. Техничкиот премиер Спасовски на сите православни христијани им посака мир, спокој и среќа. Човек кога е среќен, е најзадоволен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Според него, изминатата година била година на порази, а оваа ќе биде година на победи...
После подолг период, политичките лидери без препукувања едни со други, со желби за среќа, просперитет, како на семејствата така и на државата. Политичарите на Божик со пораки по завршените црковни литургии.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски во придружба на неколкумина министри од владата, од Соборниот храм во Скопје порача дека Рожденството Христово е празник на чесноста, храбрите одлуки и спознавањето. По долги години бадниковата паричка ја добил тој.
Зад нас е година на порази, но следува година на победи. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посака здравје, среќа и успех во секое семејство. Меѓусебното почитување е исклучително важно, прача Мицкоски. Во неговото семејство парчката завршила кај сопругата.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на православните верници го честиташе Божик. Празникот нѐ соеднинува во искрените взаемни желби за здравје, успех, среќа и меѓусебно разбирање и почит. Со векови славиме, се почитуваме, веруваме и се радуваме заедно. Тука сме еден за друг - напиша Ахмети во честитката за Божик.
Миле Ристески
