Празник

Традиционален божикен ручек за 500 деца во Прилеп

08.01.2020 10:11

Љубовта, чистината и смиреноста на децата да бидат нашиот пример во животот како можеме да живееме во подобро општество без поделби и разлики. Ова беше главната порака упатена на 14-тиот по ред божикен ручек во Прилеп, на кој се собраа 500 деца од цела Македонија од различни целни групи и религии...

Божик е радосен ден за љубовта, надежта, на разбрањето. Така го доживуваат и околу 500 деца од повеќе градови од земјава, од повеќе целни групи и од сите верски заедници на традициоалната заедничка божикна трпеза. Пораките се искрени и аманет и за возрасните.

Организаторот, Детската амбасада за сите деца во светот, традиционалниот божикен ручек за децата, го организира по 14 пат под мотото „Едно небо за сите деца“.

Треба да се угледаме на детското залагање за толеранција, љубов, разбирање, порача владиката Петар кој го благослови божикниот ручек. Божик е ден на радоста и надежта, па и за признавањето на МПЦ.

Околу 500 деца се дружеа со песна и со радост, а добија и новогодишни пакетчина од општина Прилеп.

 

Елизабета Митреска