Наталитет: Статистиката покажува загрижувачки резултати
Просечно околу 10 бебиња на ден се родиле на скопска Гинекологија во првата недела од новата година. 39 девојчиња и 30 момчиња. Од болницата велат- бројката е помала за 15 во споредба со истиот период лани. Статистиката во целата земја покажува дека „белата чума“ е во пораст...
69 бебиња за седум дена. Скопска Гинекологија брои 15 деца помалку во споредба со истиот период лани. Девојчињата се во предност. Во текот на празниците, имало вкупно 39 женски и 30 машки новороденчиња.
Статистиката на ниво на целата земја со години покажува загрижувачки податоци. Официјалните бројки од Државниот завод даваат слика во полза на „белата чума“.
Во период од само две години, во земјава бројката на живородени деца е намалена за повеќе од 1.600, а на ниво на државата во првото тромесечје од годината е регистриран негативен природен прираст, што значи дека борјот на живоредени деца е помал од бројот на починати лица.
Според објавените податоци, во градските средини се родени повеќе деца отколку во селските средини. По региони, најголемо учество во вкупниот бој раѓања има скопскиот регион, а најмало источниот регион.
Сепак, има и надежни вести. Во Кочани, во текот на 2019-та година, се родиле 30 бебиња повеќе во споредба со претходинте години.
Александра Спировска
