Закуп на државно земјоделско земјиште во 14 општини
Во тек е огласот за закуп на државно земјоделско земјиште во 14 региони во земјава. Понудените површини се наменети за производство на земјоделски култури, а изборот на закупувачите ќе биде по пат на бодување.

Во Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Пробиштип, Радовиш и Велес се наоѓаат површините за кој што еден земјоделец може да достави понуда. Парцелите што се нудат на јавниот повик се големи најмногу до 3 хектари.
Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, земјиштето ќе го добијат за користење во период од 15 до 70 години.
Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица. Правните лица мораат да достават бизнис план, а физичките програма за користење на парцелата.
Почетната цена на закупот се утврдува во зависност од просечна закупнина во регионоти и се движи од 1.500 до 9.276 денари по хектар.
Доколку закупецот е физичко лице на возраст до 40 години или земјиштето го добие трговско друштво со управител на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнината почнува по три години од склучувањето на договорот. Изборот ќе се врши со бодување, а последниот ден за поднесување на пријави е 22 јануари 2020 година.
Методија Трајков
