Иран нападна бази со војници на САД во Ирак
Од иранското МНР тврдат дека се преземени пропорционални мерки за самоодбрана согласно Член 51 од Повелбата на ОН, нагласувајќи дека не сакаат ситуацијата да ескалира до војна.

„Нападите врз базите се одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касем Солејмани“, соопшти Иранската револуционернa гарда која презеде одговорност за ракетирањето на двете ирачки бази во Ирбил и вo Ал Асад каде што се стационирани американски војници.
Локалните медиуми известуваат за убиство на, како што велат, „најмалку 80 американски терористи“ иако претходно американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека состојбата била под контрола.
Од иранското МНР тврдат дека се преземени пропорционални мерки за самоодбрана согласно Член 51 од Повелбата на ОН, нагласувајќи дека не сакаат ситуацијата да ескалира до војна.
Во меѓувреме, САД одлучија да не му дадат виза на шефот на иранската дипломатија Мохамед Џaвид Зариф кој требаше да учествува на седница на Советот за безбедност на ООН. Неколку земји ја испочитуваа резолуцијата која претходно ја усвои ирачкиот парламент со која се бара целосно повлекување на странските трупи од земјата.
„Владата ќе соработува со другите земји за да се соберат информации и да се гарантира безбедноста на јапонските државјани во регионот на Блиски Исток. Јапонија ги повикува сите страни да направат дипломатски напори за намалување на тензиите“, изјави Јошихиде Шуга, портпарол на владиниот кабинет на Јапонија.
„Им дадов овластување на безбедносните шефови да преземат сè што е потребно за да се заштитат австралиските безбедносни сили и дипломатскиот персонал во Багдад. Се враќам во Канбера за да одржам состанок со клучните министри“, рече Скот Морисон, премиер на Австралија.
Ракетниот напад врз ирачките бази се случи неколку часа по погребувањето на иранскиот генерал Солејмани којшто се сметаше за втор највлијателен човек во земјата, заедно со ајатолахот Али Хамнеи.
