Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на земјава
Првиот човек на највисокото воено советодавно тело на Алијансата, по приемот со воени посети во Генералштабот, на одвоени средби со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал, Стјуарт Пич, во дводневна официјална посета на државава и на Армијата.
Првиот човек на највисокото воено советодавно тело на Алијансата, по приемот со воени посети во Генералштабот, на одвоени средби со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
Покрај разговорите за воената соработка, претседавачот на Воениот комитет на НАТО бил информиран за плановите и за процесот на трансформација на командите и единиците на Армијата.
Маршал Стјуарт Пич ќе ја посети и Канцеларијата за врски на НАТО, а утре ќе биде примен од претседателот и врховен командант на оружените сили, Стево Пендаровски.
