Православните христијани слават втор ден Божик - Собор на Пресвета Богородица
Православните христијани денеска го слават втор ден Божик или Собор на Пресвета Богородица. Во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ се служеше златоустова литургија, со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан. Да ја чуваме верата за да можеме достоинствено и со радост да живееме и да напредуваме како народ- порака од црквата за Божик, оти само во слога и единство може да се брани и одбрани своето- достоинствено и со подигната глава...
Православните верници вториот ден Божик го прославуваат во чест на Пресвета Богородица. Запалија свеќи за мир, љубов, здравје и бериќет.
Во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ се одржа архиерејска златоустова литургија, со која чиноначалствуваше неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан.
Положајник се нарекува лице кое прво ќе влезе во домот на Божик. Тој на домаќините им го честита празникот и со благослов им посакува добро здравје и успешна година. Симболично ги претставува мудреците кои ја следеле sвездата од исток и дошле на новородениот Исус на поклонение. Домаќинката потоа го послужува и го дарува со некој подарок. Тој е човек кој за Божик и за цела наредна година, носи среќа во домот.
По големиот празник Рождество Христово, се слави Пресвета Богородица. Ова прославување уште се нарекува и нејзин Собор, бидејќи на овој ден во храмовите се собираат сите верници за да ја слават Богородица.
Александра Спировска
