Горивата поевтинуваат за половина денар
Бензинот БС-95 ќе се продава за 68, а 98- октанскиот за 70 денари. Еуродизелот ќе биде 62,5 денари за литар. Маслото за домаќинство ќе чини 51,5 денари, додека мазутот поскапува за 0,3 денари, и ќе се продава за 38,54 денари за килограм.

Малопродажните цени на бензините, на еурдизелот и на екстралесното масло за домаќинство, од полноќ се намалуваат за половина денар.
Бензинот БС-95 ќе се продава за 68, а 98- октанскиот за 70 денари. Еуродизелот ќе биде 62,5 денари за литар. Маслото за домаќинство ќе чини 51,5 денари, додека мазутот поскапува за 0,3 денари, и ќе се продава за 38,54 денари за килограм.
Корегираната цена е поради прилагодувањето на структурата на домашните цени со движењата на цените на дериватите на светските берзи, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.
