Еден месец по протестите - Ситуацијата во БиХ непроменета

06.03.2014 13:13

По еден месец од почетокот на протестите во повеќе градови во Федерацијата Босна и Херцеговина, кои во одредени моменти беа проследени со насилство, четири од 10 кантони (жупании) останаа без извршни власти, а до денес не се избрани нови.

Паднаа владите во Сараево, Тузла, Бихаќ и Зеница, нови не се избрани, а нема ни наговестување дека тоа може да се случи во скоро време.

 Постојат реални можности сегашниот статус кво да се одржи до изборите во октомври, затоа што кандидатите за мандатари немаат реални можности да обезбедат парламентарно мнозинство ниту во еден од кантоните, пишува Танјуг.

 Тоа практично значи дека во следните месеци во овие жупании ќе работат технички влади чија работа би се свела  исклучиво на трошење на буџетските средства. Последиците на таквото однесување, пишува Танјуг, се долгорочни, а одговорноста првенствено е на партиите со најголем број мандати во жупаниските парламенти- СДП и СДА.