ДИК подготвена за спроведување на предвремените парламентарни избори

08.01.2020 15:05

а изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори ДИК планира да потроши 571 милион и 500 илјади денари. Од нив, најголем дел или околу 400 милиони, се планира да се потрошат за финасирање на медиумската кампања на политичките партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори.

Државната изборна комисија е целосно подготвена за спроведување на предвремените парламентарни избори- вели претседателот Деркоски. За изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори ДИК планира да потроши 571 милион и 500 илјади денари. Од нив, најголем дел или околу 400 милиони, се планира да се потрошат за финасирање на медиумската кампања на политичките партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори.

За оваа намена за Претседателските избори беа потрошени околу 3 милиони и 800 илјади евра. Сега во буџетот се предвидени нешто над 233 милиони денари, но во другите ставки имаме резерва да се дополнат некаде скоро до 400 милиони денари. Значи, има доволно средства. Сметам дека можеби ќе има потреба да се дополни оваа ставка, но ќе се обидеме тоа да го направиме со пренамена од останатите ставки каде ќе заштедиме, рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната седница на Комисијата.

ДИК на седницата усвои и Планот за јавни набавки што се однесуваат и на редовното функционирање на Комисијата, но и за реализација на изборните активности.