Министерство за правда: Судиите, адвокатите и обвинителите да го почитуваат законот

08.01.2020 15:48

Министерството за правда во изминатиов период работеше на усогласување на законската рамка за независно, непристрасно и ефикасно судство. Очекуваме судовите, Судскиот совет, Адвокатската комора, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, да работат според законите, за да се врати довербата во правосудниот систем- се наведува во реакцијата од Министерството за правда.

Судиите, адвокатите и обвинителите да го почитуваат законот, а секое прекршување да биде санкционирано- апел од Министерството за правда, откако претседателот на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев побара од Адвокатската комора, МВР и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник, во однос на изјавите на дел од адвокатите во предметот „ТНТ“.

Министерството за правда во изминатиов период работеше на усогласување на законската рамка за независно, непристрасно и ефикасно судство. Очекуваме судовите, Судскиот совет, Адвокатската комора, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, да работат според законите, за да се врати довербата во правосудниот систем- се наведува во реакцијата од Министерството за правда.

И Судскиот совет со осуда, на како што велат, притисоците. Седницата за мандатот на судијата-поротник останува на 27-ми јануари. На 13-ти месецов пак, е рочиштето за „ТНТ“.