За полесен европски пат Србија мора да го промени менталитетот

06.03.2014 13:35

Процесот на пристапувањето на Србија во ЕУ може да се искомпликува доколку не се изврши промена на српскиот менталитет, оценила шефицата на српскиот тим за преговори со ЕУ, Тања Мишчевиќ, пренесува Танјуг.

„Со датумот за нашето членство во ЕУ нема да лицитирам, но она што е важно е дека мораме да ги ставиме сите наши потенцијали во функција на исполнување на условите кои ги бара Брисел", изјавила Мишчевиќ.

Таа оценила дека за сето ова на Србија ќе и биде потребно, „знаењето кое веќе го има, соодветно и да го примени".

„Покрај нашето знаење ќе ни помогне и искуството на другите земји кои веќе го поминале овој пат. Меѓутоа, тој процес може да се искомплицира доколку не го промениме сопствениот менталитет. Тоа значи дека мораме да најдеме начин, секој од нас да биде конкурентен во сите области", изјавила шефицата на српската Канцеларија за европска интеграција.

Мишчевиќ додала дека од Брисел не очекува дополнителни условувања, но дека секако ќе има „појаснување на условите за она што ја чека Србија и на она на што не било посветено доволно внимание".