Евроинтеграции

Вархељи на 15-ти и 16-ти јануари на средби во Скопје

09.01.2020 10:12

Се очекува Вархељи да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија предложена од Франција и текот на реформите во земјава, особено донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархељи на 15-ти и 16-ти јануари ќе допатува во прва посета на земјава, дознава МИА од извори од Брисел.

Се очекува Вархељи да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија предложена од Франција и текот на реформите во земјава, особено донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

Европската комисија ќе објави мини- извештај за земјава и за албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.