Земјоделство

Нов оглас за ИПАРД

09.01.2020 10:26

Платежната агенција го објави новиот оглас од ИПАРД 2 програмата. Заинтересираните земјоделци треба да ги подготват документите доколку сакаат да аплицираат за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Кофинансирањето е до 50 проценти од одобрените трошоци...

Платежната агенција објави нов оглас за средставата од ИПАРД 2 програмата. Сите земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат за инвестиции за преработка и производство на млеко, месо и нивни производи, вклучувајќи јајца и живина, потоа овошје, зеленчук, житарици и вино, можат да ја испратат потребната документација за аплицирање на повикот.

Заинтересираните ќе може да набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи од растително и животинско потекло, како и да градат нови или реконструираат постоечки објекти и производствени капацитети,  за унапредување на домашниот агро – сектор и достигнување на европските стандарди.

Барањата се доставуваат до платежната агенцијата, а средстават се обезбедени од ИПАРД 2 Програмата.

Барателите ќе можат да аплицираат за поврат на 50 проценти од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција. Целта е да се создадат услови за развој на малите и средни претпријатија како важен фактор за раст на домашната економија и пласман на домашните земјоделски производи во странство. Последниот ден за поднесување на барањата е 11-ти февруари 2020-та година.

 

Методија Трајков