Израел ќе го удвои бројот на жители во еврејските населби на Западниот брег

09.01.2020 10:29

Планот беше соопштен на конференцијата во Ерусалим именувана како „Доктрина Помпео“ по американскиот државен секретар Мајк Помпео...

Израел планира да го удвои бројот на жители во еврејските населби на Западниот брег за да надминат еден милион во наредната деценија. Одлуката на Министерството за одбрана наиде на критика од Палестинската управа.

Планот беше соопштен на конференцијата во Ерусалим именувана како „Доктрина Помпео“ по американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој неодамна најави промена на политиката на Вашингтон во однос на еврејските населби во окупираните палестински територии.