Утрово најстудено во Берово
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Берово изутрина во седум часот се измерени – 12 степени, – 9 во Скопје- Петровец, Штип, Битола и Маврово, – 8 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица. Во Скопје Зајчев Рид, Лазарополе, Куманово и Дебар температурата изнесувала – 7 степени, – 6 во Охрид, -5 во Претор и во Крушево, -2 во Гевгелија, 0 во Дојран.
Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 11 сантиметри, а 4 на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
