Србија бара седница на Советот за безбедност на ОН поради Косово
Српската Влада ќе побара свикување на седница на Советот за безбедност на ОН поради најавеното формирање вооружени сили на Косово и влошувањето на политичката клима и безбедносната состојба во Косово, изјавил денеска српскиот министер за Косово Александар Вулин, јави Танјуг.
Тој ја изразил длабоката загриженост на српската Влада поради влошувањето на политичката клима во Косово, почнувајќи од каменувањето на Срби во Ѓаковица па се до забраната на српски граѓани да влезат на Косово.

Според Вулин прераснувањето на косовските безбедносни сили во Армија треба да ја загрижува целата меѓународна заедница.
- Тоа е неприфатливо и противречно на резолуцијата 1244, според која на територијата на Косово и Метохија не може да постои армија. Тоа е територија под управа на ОН и може да има само една вооружена сила, а тоа е КФОР, изјавил Вулин.