„Кино утро“

Детски играни и анимирани филмови до 18-ти јануари во Кинотека

09.01.2020 12:37

За време на зимскиот распуст децата ќе имаат можност да го збогатат своето секојдневие со проекции од понова продукција и тоа главно од европските земји.

Од 8-ми до 18-ти јануари во Кинотека на Република Северна Македонија започнува традиционалната филмска програма за деца „Кино утро“ со секојдневни проекции во 12 часот.

За време на зимскиот распуст децата ќе имаат можност да го збогатат своето секојдневие со проекции од понова продукција и тоа главно од европските земји.

Филмовите се  во продукција на Италија, Германија, Франција, Австрија, но и од Јапонија.