Дебата за Законот за контрола на опојни дроги
Со спроведувањето на одредбите е предвидено основање на Агенција за контрола на одгледувањето и производство на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели...

Предлог- законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции на собраниска Комисија за здравство. Со спроведувањето на одредбите е предвидено основање на Агенција за контрола на одгледувањето и производство на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели, поради што е потребно да се обезбедат плати и надоместоци во почетокот за најмалку пет вработени и директор на агенцијата (околу 3,2 милиони денари на годишно ниво), како и простор, опрема и тековни трошоци за работа.
Согласно очекуваниот зголемен обем на работа во Агенцијата, предвидено е во наредната година зголемување на финансиските средствата на Агенцијата согласно зголемениот обем на работа, како и зголемување на бројот на вработените лица.
