СДСМ: Од февруари повисоки плати во здравствениот сектор
Споредбено со 2018-та со покачувањето за дежурствата, здравствените работници ќе земаат поголеми примања до пет пати.
Социјалдемократите најавуваат зголемување на платите на здравствените работници од февруари. Споредбено со 2018-та со покачувањето за дежурствата, здравствените работници ќе земаат поголеми примања до пет пати.
„Од февруари платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, за општите лекари за 15%, за медицинските сестри за 10%, а 5% повисоки плати ќе добиваат здравствените соработници и помошно техничкиот персонал. Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат значително повисоки плати“, изјави Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.
За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вложува во човечкиот капитал и обезбедува подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена заштита. Со СДСМ платите растат многу побрзо, а здравството е на прав пат- велат од владејачката партија.
