ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ продолжуваат да лажат

09.01.2020 13:31

Според опозициската партија, Филипче се фали со трошките за докторите специјалисти, а не со реализирано на ветеното.

Филипче и СДСМ продолжуваат да ги лажат граѓаните- реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, Филипче се фали со трошките за докторите специјалисти, а не со реализирано на ветеното.

Во здравството тој го заборави и административниот персонал, преку ноќ се откажа од администрацијата во овој сектор, стои во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ покажа дека како партија знае да остане достојна само на едно нешто – лажење на граѓаните. Граѓаните ги гледаат овие политики и на 12-ти април ќе стават крај на ваквото однесување на СДСМ и ќе започне обновата на Македонија, велат од опозициската партија.