Австралија: Масовна евакуација од југоисточниот дел поради високите температури

09.01.2020 13:33

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус ги повика заедниците да бидат во состојба на готовност во пресрет на екстремните услови.

Австралиските власти побараа уште една масовна евакуација од југоисточниот дел на земјата, поради високите температури најавени и во наредниот период.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјус ги повика заедниците да бидат во состојба на готовност во пресрет на екстремните услови.

Веќе се евакуирани делови од Островот на кенгурите, едно од попознатите туристички места.