Ракомет

Така тоа обично бива...

06.03.2014 13:40

Ако се нема резултати прв на отстрел, тренерот. Е така бидна и во ракометниот клуб Зомимак М, Димитар Пандев веќе не ја извршува оваа функција.

Тој со взаемна одлука со Управниот одбор прекомандуван од прв стратег во тимот, на координатор на клубската школа.

По историскиот момент за струмичкиот тим со пласманот во европски куп, во случајов ЕХФ купот, во продолжението подразбираше место во група. Но таму работите отидоа во целосна негатива, од три дуели забележани три порази и крај на евро авантурата.

Од денеска на тренерското место на клупата на најдобрата струмичка екипа седнува досегашниот помошник, Марјан Андонов. Комуникацијата со играчите од лидерска функција, Андонов ќе ја има вечерва на заостанатиот првенствен дуел со тимот на Металург Јуниор(18.30ч).