Сугарески: Над 80% реализација на капиталните инвестиции
09.01.2020 14:28
Годината ја завршивме со 86 проценти реализација на капиталните инвестиции што сметаме дека е одлична работа, изјави министерот за транспорт и врски, Сугарески...
Лани биле реализирани 86 насто од капиталните проекти - тврди министерот за трнспорт и врски, Сугарески.
„Годината ја завршивме со 86 проценти реализација на капиталните инвестиции што сметаме дека е одлична работа или по сектори: Гасификација 94 %, Железница 82 %, Комуннална инфраструктура 63 %, Социјални станови 100 %“, изјави минисатерот Сугарески.
Според него, еден од најзначајните проекти оваа година е проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од околу 450 километри.
