Инфраструктура

70 милиони евра од Светска банка за патишта

09.01.2020 15:13

Пуштање на првите 30 километри од автопатот Кичево- Охрид и обнова на 450 километри патна мрежа, најави министерот Сугарески. Од Светската банка се обезбедени 70 милиони евра за патишта во општините. Градоначалниците ги добија парите за проектните документации...

Локалните власти од 35 општини добија проектна докумнетација од Светска банка за  изградба на патишта. Од таму велат, дел од нив не се финансиски моќни сами да го направат тоа. Вкупно 270 километри патна мрежа ќе се градат во 78 општини кои аплицирале за грант. 

До крајот на месецов треба да биде објавен тендер за првите 20 од вкупно планираните 450 километри. Годинава со 70 милиони евра од Светска банка ќе се градат локални патишта и друга инфраструктура.

Капиталните инвестиции во транспортот лани биле реализирани со 80 проценти, вели министерот Сугарески.

 

Дијана Ценевска