ВМРО-ДПМНЕ со сознанија за нова афера „Рекет 3“

09.01.2020 15:52

ВМРО – ДПМНЕ излезе со сознанија за нова афера „Рекет 3“ овојпат со изградбата на Клиничката болница во Штип. Наместо да се казни грчката фирма изведувач на проектот која два пати го одложила крајот на изградбата, министерот Филипче побарал од Владата нови 7 милиони евра за доградба...

Пост празнични препукувања на реалација власт опозиција. ВМРО – ДПМНЕ излезе со сознанија за нова афера „Рекет 3“ овојпат со изградбата на Клиничката болница во Штип. Наместо да се казни грчката фирма изведувач на проектот која два пати го одложила крајот на изградбата, министерот Филипче побарал од Владата нови 7 милиони евра за доградба, а изведувачот го раскинал договорот со македонскиот подизведувач – вели портпаролот Стоилковски.

Тој изрази сомнеж дека се рекетирааат бизнисмени за фирмата која учествувала во изградбата на болницата да се однесе во стечај, за подоцна да се купи истата по багателна цена.

Социјалдемократите, пак обвинуваат оти заменичката во финансии донела истрошени кадри, како што велат на Груевски и Ѓорѓе Иванов. Станува збор за Благоја Ташманов кој бил задолжен за јавни набавки во време на Ставревски, Анита Стамнова екс- член на управен одбор во ЕЛЕМ и Мишо Николов поранешен директор на ЈСП.

Заедничко за власта и опозицијата после секое обвинување е оти тие се коалицијата која ќе победи на 12-ти април.

 

Миле Ристески