Мизрахи: Нерешени 11.514 барања за помош и нега од друго лице
Мизрахи обвини дека владата и министерството ги ставале под тепих проблемите на граѓаните.
За надоместок за помош и нега на трето лице се нерешени над 11.500 барања, тврди техничката министерка за труд и социјална политика. Мизрахи обвини дека владата и министерството ги ставале под тепих проблемите на граѓаните.
„Во оваа држава во овој момент има, не 8.500 туку 11.514 нерешени барања за надоместок за нега од друго лице, рече министерката Мизрахи. Ова говори дека Владата и Министерството претходно проблемите на граѓаните ги ставале под тепих“- изјави министерката Мизрахи.
Тоа, потенцира Мизрахи, е недозволиво бидејќи смејствата се уште чекаат на помошта што треба да ја добијат. Таа нагласи и дека на ваков начин се пробиени сите рокови, првичниот рок од 30 дена од поднесување на барањето и вториот рок од дополнителни максумум триесеттина денови доколку се работи за посложени предмети.
Ова, вели министерката, не е прашање на политика, туку на егзистенција и помош на граѓани на кои им е потребна нега.
