Изгласана резолуција за воените ингеренции на Трамп
Гласањето е резултат на нападот и убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, што предизвика жестока реакција од Техеран. Законодавците стравуваат дека елиминацијата на иранскиот генерал може да доведе до војна со Иран.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа резолуција, со која се ограничува претседателот Доналд Трамп да почне војна против други држави без одобрување и дебата во Конгресот.
Гласањето е резултат на нападот и убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, што предизвика жестока реакција од Техеран. Законодавците стравуваат дека елиминацијата на иранскиот генерал може да доведе до војна со Иран.
Дел од Републиканците резолуцијата ја нарекуваат симболичен чин, бидејќи за да помине, треба да биде изгласана од Сенатот.
Земјите-членки на Советот за безбедност на Обединети нации треба да се воздржат од двојни стандарди и да не ги напуштаат основните принципи на светската организација при решавање на судирите, изјави синоќа генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш.
