Њујорк тајмс

Објавена видео-снимка од падот на украинскиот авион

10.01.2020 11:06

Американскиот весник тврди дека видео- снимката е автентична. На снимката се гледа како авионот е погоден од ракета по што менува правецот кон аеродромот, кога експлодира.

„Њујорк тајмс“ објави видео-снимка на која наводно се гледа како иранска ракета го соборува украинскиот авион во близина на аеродромот во Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Американскиот весник тврди дека видео- снимката е автентична. На снимката се гледа како авионот е погоден од ракета по што менува правецот кон аеродромот, кога експлодира.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо повикувајќи се на разузнавачки информации изјави дека украинскиот авион бил соборен од иранска ракета. 

Веднаш по информацијата, авион на германската компанија „Луфтханза“ на линијата Франкфурт- Техеран по еден час лет се вратил во Минхен.