Успешна соработка во одбраната меѓу Македонија и Словенија
06.03.2014 13:55
Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Приморж Шавц, директор на Директоратот за одбранбена политика во министерството за одбрана на Република Словенија...
„Република Македонија е секогаш отворена за нови идеи кои ќе овозможат уште поблиска соработка со сите пријателски и партнерски земји“, посочи министерот за одбрана Талал Џафери на денешната средба со Директоратот за одбранбена политика во министерството за одбрана на Република Словенија, Примож Шавц. Џафери нагласи дека единствено преку соработка, почитување и поддршка, можат да се овозможи непречен раст и развој на сите земји од регионот.
Воедно, министерот Џафери и директорот Шавц разговараа и заедничките вежбовни активности на еден од најважните капацитети на Армијата на Република Македонија, армискиот полигон „Криволак“, а ја споменаа и исклучително добрата соработка во иницијативата СЕДМ, иницијативата Клирингхаус во Југоисточна Европа и др.
Во рамки на посетата, директорот Шавц оствари средба и со државниот секретар во министерството, Сашо Стефаноски, а потпишан беше и планот за билатерална соработка помеѓу двете земји за 2014 година.
Република Словенија и Република Македонија во областа на одбраната соработуваат од 1994 година. Соработката главно се одвива во областа на воената едукација, како и експертските средби посветени на финансиите, одбранбената стандардизација, одбранбеното планирање, логистиката и слично.
