Скопје петти најзагаден град во светот
10.01.2020 11:19
Мерните станици во метрополата покажуваат високи вредности на ПМ-10 честичките. Кај Ректоратот се измерени 207 микрограми на метар кубен, во Ново Лисиче- 205, а во Центар се измерени 182 микрограми на метар кубен од штетните ПМ-10.

Изутрината повторно Скопје на врвот според загаденоста на воздухот. На горниот дел од листата е и Тетово.
Мерните станици во метрополата покажуваат високи вредности на ПМ-10 честичките. Кај Ректоратот се измерени 207 микрограми на метар кубен, во Ново Лисиче- 205, а во Центар се измерени 182 микрограми на метар кубен од штетните ПМ-10.
Во Тетово исто така високи вредности на штетните ПМ-10 честички. Измерени се 179 микрограми на метар кубен.
