ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го очекува тежок пораз на изборите
10.01.2020 13:44
На Бихаќка владее страв дека со влијанието на техничките министри и замениците-министи ќе излезат на виделина сите злоупотреби и манипулации ...

Сдсм го очекува тежок пораз на предвремените парламентарни избори, па затоа на секаков начин се обидува да ги опструира техничките министри и замениците предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да ја гарантираат професионалноста на институциите, велат од опозициската партија.
На Бихаќка владее страв дека со влијанието на техничките министри и замениците-министи ќе излезат на виделина сите злоупотреби и манипулации кои овие три години беа реализирани по наредба на Зоран Заев, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
