СДСМ: Мерките во земјоделството даваат резултати
10.01.2020 13:45
Просечната цена за килограм тутун од ланската реколта е речиси два пати повисока во однос на 2014, велат од владејачката партија.

Мерките и политиките што ги спроведува СДСМ во земјоделството ја подигнаа откупната цена на тутунот на највисоко ниво во последните шест години.
Просечната цена за килограм тутун од ланската реколта е речиси два пати повисока во однос на 2014, велат од владејачката партија.
Мерките на СДСМ за унапредување на производството на тутун и навремената и неселективна исплата на субвенциите, дополнително го јакнат интересот на земјоделците за производство на жолтото злато, се вели во соопштението од СДСМ.
