Во МВР сменети 12 раководители на сектори

10.01.2020 14:50

Министерот за внатрешни Чулев и неговата заменичка Петворска ги потпишаа новите решенија за смените во 12 сектори за внатрешни работи. Министерството не дозволува импровизации и хиреарехијата мора да се почитува, стои во дописот од ресорот во кој се наведува дека министерот и неговата заменичка имаат добра соработка...

По предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев 12 сектори во МВР добија нови началници. Актуелните раководители се заменски на новоназначените. Ќе имаат врзани потписи.

Министерот Чулев и неговата заменичка Петровска го одржаа првиот работен состанок со нив. Ивица Бисовски е новиот командант на Единицата за специјални задачи, досегашниот Митко Даневски е дополнителен заменик. Сашо Зенговски е началник во Одделот за специјални операции, Бранко Трајановски му е заменик.

Александсар Јанев е назначен за началник во Одделот за сузбивање на организиран криминал на местото на Лазе Велков, кој му е дополнителен заменик. Васко Наумовски доаѓа на позицијата чело на Единицата за интервентна полиција каде заменик му е досегашниот Примислав Димовски.

Ристо Ставревски е началник на СВР Скопје, заменик му е Тони Јакимовски. Сменети се и началниците на секторите во Битола, Велес, Струмица, Штип, и Охрид, и на Одделот за внатрешни работи Прилеп и помошниците за информатика и телекомуникациии и за внатрешна контрола.

Министерот Чулев и заменичката Петровска на средбата потенцирале дека законите мора да се почитуваат и да се гарантира организирање на мирни, фер и демократски избори на 12-ти април.

„Чулев и Петровска ја потенцираа добрата меѓусебна соработка и посочија дека таквата соработка треба да биде пример и за другите раководители кои мора да соработуваат во интерес на граѓаните. МВР е специфично министерство кое не дозволува импровизации и хиерархијата мора да се почитува. Оттука, во своето постапување, сите полициски службеници и вработени се должни да постапуваат согласно со законските одредби“, се вели во соопштението од МВР.

Дополнително Чулев ќе одлучува за преостанатите три места. Законски тој според Пржинскиот модел, има право да промени 15 позиции.

 

Наташа Гркова- Петрушевска