ВМРО-ДПМНЕ: Владата молчи за аферата со Штипската болница

10.01.2020 15:23

Според партијата, градот под Исарот остана без болница поради незаконски постапувања...

Владата молчи за аферата со Штипската болница, како надоврзување на „Рекет 1“ и „Рекет 2“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, градот под Исарот остана без болница поради незаконски постапувања.

„Болницата уште не е доградена. „Рекет 3“ е случај на рекетирање на домашна компанија и нејзино туркање во стечај заради нејзино преземање понатаму. „Рекет 3“ е случај на вмешаност на министер во рекетирање и непостапување по банкарската гаранција на штета на буџетот иако договорот не е испочитуван. „Рекет 3“ е случај наново барање на 7 милиони евра од буџетот за истата компанија која што должи пари и веќе две години доцни со градбата“, изјави портпаролот на партијата, Наум Столиковски.